Прво биле најдени траги од крв на авионот кој синоќа слетал од Италија на аеродромот Внуково, а потоа е пронајден и труп на маж.
Руската агенција за воздушен сообраќај Росавијација соопшти дека на аеродромот во Москва е пронајден мртов човек.
Авионот ербас А 330 полетал од Римини, северозападна Италија, а на московскиот аеродром слетал минатата ноќ.
Руската агенција почна истрага и најави дека ќе бара помош од италијанските власти.