Носиме странци тренери и селектори за куп пари – додека нашите, докажани возат такси


Приказната на ракометниот стручњак Владимир Глигоров е типична за повеќемина од неговиот еснаф во македонскиот спорт. Глигоров пошироката спортска јавност го знае најмногу по успехот постигнат во 2008 година кога како селектор со женската македонска репрезентација, на Европското првенство го освои седмото место, од 16 учеснички. Неговата приказна ја пренесува Дневник.

selektorТој од 2012 година е без тренерски ангажман. За да не седи без работа, како што самиот вели, вози такси и чека нова шанса да се врати во струката. Глигоров, пред с`, би сакал да замине во странство за да се чувствува како стручњак, а не како марионета. Многу тренери од повеќе спортови во Македонија се жалат на условите во кои работат, на непрофесионалниот третман од страната на клубовите.

Главно договорите помеѓу тренерите и клубовите се усни, не гарантираат никаква заштита, можете да бидете отпуштени за две минути, немате никаква шанса за финансиско обесштетување. Оваа сфера во нашиот спорт останува непроменета со години, а многу тренери сметаат дека во нашиот спорт нема поголеми успеси затоа што ова прашање не е решено задоволително.

– Не знам зошто македонските тренери во својата земја се толку потценети. Веројатно дел од вината е и во самите тренери, односно во лошата организираност при штитењето на сопствените права. Факт е дека во клубовите од некоја причина повеќе ги ценат странските стручњаци. Не знам зошто. Ако се навратите наназад, јасно е дека македонските репрезентации постигнувале многу подобри резултати кога биле предводени од домашни стручњаци, како Илија Темелковски, Звонко Шундовски, Ванчо Јовановски…Не велам дека не би прифатил ангажман од домашен клуб, но, пред с`, би заминал во странство. Имам искуство, сум работел неколку години во Саудиска Арабија, во Либан. Подолго време имав ангажман и во Македонија. Домашните тренери во сопствената земја се потполно потценети. – вели Глигоров.

Целото интервју прочитајте го на – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1