Johnson & Johnson ги повлекува апчињата за контрацепција


Компанијата „Johnson & Johnson” повелкува околу 32 милиони пакети со апчињата за контрацепција „Cilest” во Европа, Азија и Латинска Америка, изјави за Reuters портпаролката на компанијата.

Johnson & JohnsonАпчињата за спречување несакана бременост „Cilest” може да се најдат на пазарите во 43 земји, меѓутоа не и во САД, забележува агенцијaта. Според портпаролката Мичел Романо, компанијата повлекува 179 серии поради една активна состојка којашто на рутинско тестирање не се „прикажала”.

Според медиумите, еден од двата хормона во апчињата „Cilest” се отпуштал побавно отколку што се предвидувало. Романо, пак, тврди дека производот и натаму е безбеден, како и дека нема никакви опасности за жените коишто го користат ова средства за контрацепција.

Апчињата „Cilest” инаку ги произведува „Janssen Pharmaceuticals Inc.” филијалата на „Johnson & Johnson”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1