Авионот на „Герман вингс“ се срушил на само километар од слична несреќа пред 62 години


Летот на „Џерман вингс“ 4U9525 се срушил на само километар од идентична авионска несреќа пред 62 години кога загинале 44 лица.

Неверојатна е сличноста помеѓу овие две несреќи. Имено, летот на Ер Франс 178 паднал 1953. година на Монт Ле Симет во близина на селото Барселонете, пишува Дејли мејл.nsr-avn-n

Авионот требало да слета на аеродромот во Ница, а крајното одредиште било Виетнам. Авионот по полетувањето во Париз требало да слета во Ница, Либан, Ирак, Пакистан и Индија.

Кога спасувачките екипи стигнале до местото на несреќата наредниот ден, откриле дека сите патници починале.

Со истрага било утврдено дека авионот паднал поради ненамерна грешка на пилотите кои не биле свесни дека летаат директно во планината.

Вчерашната несреќа има неверојатна сличност со оваа, а истрагата ќе утврди дали причината е иста.

Ова е копилотот кој уби 150 луѓе – имал 28 години и намерно го урнал авионот на Герман Вингс

УЖАС: На црната кутија се слушаат врисоци на патниците, капетанот вика и плаче (ВИДЕО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1