Авионот што исчезна е еден од најсигурните – имал досега само 3 несреќи – еве детали


По поминати 36 часа од исчезнувањето на малезискиот авион “боинг 777-200”, експертите за авиосообраќај потсетуваат на несреќата на францускиот “ербас” кој на 1 јуни 2009 година исчезна над Атлантикот. Тогаш беа потребни две недели за да се пронајдат неколку тела на загинатите патници и остатоци од авионот.

Malaysia-main-3222602Трупот на авионот и црните кутии беа лоцирани по речиси две години од несреќата. Авионите од типот “боинг 777” се сметаат за едни од најбезбедните летала во светот. Промовиран е 1995 година и досега има остварено над пет милиони летови. Опремен со два мотори овој тип може да превезува од 300 до 380 патници и често се користи за таканаречените “нон-стоп” летови што траат по 16 и повеќе часови. Ова е трета регистрирана несреќа на авионите од типот “боинг 777”.

Првите две се со релативно помали последици. Кога ваков авион се запали на аеродромот во Денвер, Колорадо САД, во 2001 година при полнење со гориво, загина еден член на екипажот.

Вториот инцидент на ист тип авион се случи минатата година кај Сан Франциско, кога загинаа три жени од Кина. Во редицата прашања што останаа без одговор е и тоа поврзано со црните кутии кои ја снимаат комуникацијата на пилотите со контролите за летање, но и секој разговор во пилотската кабина. Овие кутии се опремени со емитери на ултрасоничен сигнал кој, според експертите, би требало да биде регистриран и на 500 километри оддалеченост. Постои можност сигналите да се послаби ако авионот паднал во длабока вода, а црните кутии, кои би требало при несреќа да бидат катапултирани од телото на авионот, сепак да останале во остатоците на леталото.

avionВо последните пет години хроничарите на авиосообраќајот бележат 13 поголеми авионски несреќи. Последната беше минатата година, во февруари, кога во Алжир се урна транспортен воен авион од типот “Херкулес”. Од 78 патници, војници и членови на нивни семејства, несреќата ја преживеа само едно лице.

Во 2012 година загинаа 150 патници и членови на екипажот кај Лагос, Нигерија. Во април истата година загинаа 121 патник и шест членови на екипажот, кога “боинг 737” се урна кај Исламабад, Пакистан. На истата локација, 152 жртви имаше кога во 2010 година пакистански авион “ербас” удри во планина.

Најмногу загинати имаше во 2010 година кога се случија пет големи авионски несреќи. Покрај загинатите кај Исламабад, 68 жртви имаше на Куба, 158 во Индија и најмалку 100 кај Триполи, Либија.

Петтата катастрофа таа година се случи во април кога претседателскиот авион на Полска се урна кај Смоленск, Русија. Покрај полскиот претседател Качински загинаа и сите други 90 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1