Австријците тргнуваат со автомобили по бегалците во Унгарија


Околу 3000 луѓе се приклучија изутринава на граѓанската иницијатива која беше покрената преку Фејсбук, а во која се повикуваше на формирање конвои со приватни возила да ги земат бегалците од Унгарија и да ги донесат во Автстрија.

-Истече времето да и се упатуваат повици на Европската унија и на политичарите, сега треба да дејствуваме, напишаа активистите на страницата „Конвој Будимпешта-Виена“, која утринава имаше 2900 виртуелни учесници. Првиот конвој треба да тргне во недела изутрина од Виена и да „донесе колку е можно повеќе бегалци во Будимпешта, а од тука е можно во Германија“, се наведува во повикот.140-660x320

Организаторите наведоа дека реагираат на одлуката на унгарската власт оваа недела да го стопираат железничкиот сообраќај со Западна Европа, вклучувајќи ги и бегалците со важечки карти.

Четворица автриски државјани кои се осомничени се дека сакале да превезат бегалци во Австрија, приведени се денеска во Будимпешта, а за тоа престап може да добијат и пет години затвор во Унгарија.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, по интервенцијата на неговиот австриски колега, Себастијан Курц изјави дека активистите ќе бидат веднаш ослободени.

-Тие ќе бидат пуштени, ние се наоѓаме во многу тешка ситуација. Не ни се потребни луѓе кои доаѓаат да се забавуваат и уште повеќе да ја влошат целата ситуација, рече Сијарто во Брисел.

Австриското министерство за внатрешни работи потсетува дека помагањето на илегална имиграција претставува престап за кој се плаќа казна од 5000 евра.
Иницијативата „Конвој Будимпешта-Виена“ наведува дека предвиделе правна помош за сите учесници во конвојот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1