Бремена жена и нејзиното тригодишно дете кое го држела во раце и уште еден пешак се повредени откако во нив удрил автобус денеска во центарот на Белград, дознава српски Телеграф.
На самото место пристигнале Брза помош и полиција.
Бремената жена и ќерката се пренесени во болница и се наоѓаат вон животна опасност. Полицијата на самото место наишла на уште едно лице во несвест и истражува дали е и тоа настрадало од автобусот.
Телеграф појаснува дека, под засега непознати околности, автобусот ги поткачил пешаците со задниот дел и наместо да застане тој продолжил да вози. Се претпоставува дека возачот или се обидел да избега или не забележал дека со задниот дел на возилото удрил во луѓето.
Полицијата интензивно трага по автобусот.