Еден полицаец загина, а четворица се потешко повредени, откако на нивното возило налетал автобус полн со полски туристи, на место, недалеку од Суботица. Трагедијата претходела на сообраќајната несреќа во која загинала словачка државјанка, која со својот автомобил излетала од патот и на лице место и подлегнала на повредите.
Додека вршеле увид на несреќата, на полицајците налетал полски автобус, кој доаѓал од Бугарија и ги враќал полските туристи дома.
Милорад Вељовиќ, директорот на полицијата ги посетил повредените припадницие на Полициската управа, кои по тешката несреќа во која загина еден нивни колега, беа хоспитализирани во Општинската болница во Суботица.
„Ова е навистина голема трагедија, затоа што загина еден, а повредени се уште четворица полицајци, од кои двајца со потешки повреди. Тие настрадаа за време на работните задачи, односно додека вршеле увид на лице место на претходната несреќа, а локацијата била прописно обележана – изјави Вељовиќ.
Засега не се знае причината за несреќата, но се покажува дека полскиот возач заспал зад воланот. Одреден му е притвор до 48 часа, по што ќе биде предаден на истражен судија. На лице место пристигнал и полскиот конзул и сега ќе се бара решение за транспорт на полските туристи во својата земја“, додаде Вељовиќ.
Заменик директорот на Општинската болница во Суботица, докторот Михајло Видановиќ, изјави дека на Ургентното оделение ги примиле петмината настрадани полицајци, од кои еден веќе бил мртов.
„Во најкритична состојба е полцаецот кој се здобил со потешки повреди на главата и внатрешните органи. Транспортиран е во Нови Сад каде што веднаш бил подложен на операција. Останатите имаат повреди на ребрата, повреди на органите и на градниот кош и се стационирани во Одделението за реанимација во нашата болница. Другите двајца пациенти со полесни повреди, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување“, изјави Видановиќ.
„Најтешко повредениот полицаец е примен со потешки телесни повреди опасни по живот и е сместен во одделението за интезивна нега Ургентниот центар“, изјави портпаролот на Клиничкиот центар во Војводина Јелена Јуришин.
Таа дополни дека не може да соопшти ништо попрецизно за тоа каква е состојбата на повредениот полицаец по извршената операција.