Авторот на ,,Невиноста на муслиманите,, осуден на 1 год затвор


Продуцентот на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, кои предизвика гнев на муслиманскиот свет, е осуден на една година затвор поради прекршување на условната казна.

Марк Басели Јусеф (55), познат како Накула Басели Накула, признал дека користел неколку имиња дури и во Калифорнија извадил возачка дозвола под фалсификувано име. Тој беше осуден првично на 21 месец затвор, па потоа на условна казна за банкарски измами со фалс идентитет. Сега судот во Лос Анџелес го осудил на една година затвор .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1