Авторот на текстот за видеото со Боки 13: Имам нови шокантни документи


Италијанскиот „Ла Верита“ денеска објави снимка направена од безбедносни камери на која се гледа како осомничени во случајот „Рекет“ изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев.

На интернет нема достапни податоци које сопственик на овој медиум. Авторот на текстот е извесен Ларис Гаисел, а истиот е потпишан и на текстот кој се однесува на случајот со тенедерот за М-Нав за кој имаше обвинувања дека e вмешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, што исто така беше објавен во овој весник, објави „Фактор“.

Гаисел на фејсбук објавува дека ова е прв дел од екслузивната репортажа за Македонија и скандалите кои го тресат судскиот систем во земјата.

„Ексклузивна Македонија!! Во денешниот број на Ла Верита првиот дел од мојата репортажа со ексклузивни документи со кои се демонстрира корупцијата на македонскиот судски систем под директна палка на политичарите! Со текот на годините, Европската унија поддржува државен удар Заев да дојде на власт и да се намалат Македонците, а потоа со изговор на владеењето на правото одреден е Специјален јавен обвинител (Катица Јанева) со една задача – да се елиминираат политичките противници на сегашната влада дури и со спроведување на систем на изнудување под директна контрола на политичкиот систем.Во следните неколку денови ќе објавиме шокантни документи за кои искрено се надевам ќе и помогнат на Макеоднија да гонајде својот пат кон демократијата, стои во статусот кој Гаисел го објавил денеска.

На неговиот профил стои дека е од Птуј и дека е професор на Факултетот за државни и европски студии во Словенија. Тој и самиот го сподели текстот кој го објави во Ла Верита.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1