Баба ја ставиле во затвор – немала да плати 83 евра за комунално (Фото)


Минка Малтариќ 72 годишна старица од Загорје Хрватска поминала шест дена во затвор поради тоа што на комуналното претпријатие ни му платила долг од 624 куни (83 евра).

Минка била осудена на затворска казна бидејќи не постоело ништо кое што би можело да и биде одземено.

Бабата Минка не платила на комуналното претпријатие поради тоа што немала пари.

За да го наплати долгот, компанијата во септември покренала постапка пред Општинскиот суд во Вараждин.

Долг со трошоците и каматната стапка се зголемила на 744 куни, а во нејзиниот дом ја посетил и извршител.

Откако проценил дека освен стариот телевизор, во нејзиниот дом нема ништо што би можело да се заплени, судот на крајот на септември донел одлука Минка да издржува казна затвор, поради тоа што не можела да ја исплати паричната казна која достигнала до 1000 куни.
Бабата била сместена со четири затвореници, а одела со патерици поради болки во колената.
„Храната не е лоша, но деновите минуваат бавно“, изјавила бабата.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1