Во планинско село во близина на Бољевац во една стара трошна куќа направена од кал, која во секој момент може да се сруши и до која тешко може да се дојде не само лете, а камоли зиме, живее старицата М.З. (86). Таа до пред само неколку дена, живееше само од 10.000 динари пензија, а потоа буквално преку ноќ стана милионер!
Според пишувањата на српски информер сопругот на бабата М.З. кој починал уште во 2011 година, претходно живеел во Австралија со друга жена, која умрела пред него и немала деца. Поради ова властите во Австралија почнале да трагаат по можните наследници и по неколку години ја пронашле М.З.
Тогаш сè било завршено експресно, жената е прогласена за единствен наследник и веднаш и била уплатила целата сума на пари, кои нејзиниот сопруг ги имал ставено во банка во Австралија.
Сепак М. З. се уште живее во трошната куќа и недостапни за другите.