Руската бабичка Луидмиа Стеблитскаја неколку пати се враќала од мртвите, а во еден случај се разбудила во моментот кога над неа требало да и биде извршена обдукцијa
61 годишната Луидмила најпрвин во ноември 2012 година била прогласена за мртва, откако и лекарите увиделе дека ништо не можат да направат повеќе за неа, а потоа истата ситуација се повторила и во октомври лани.
Во вториот случај поминала три дена во мртовечница, додека нејзиното семејство ги правеле сите подготовки околу погребот.
Потрошиле речиси повеќе од 1200 евра, а во моментот кога пристигнале да го земат телото, од персоналот и изјавиле дека бабата е жива.
Нејзината 29 годишна ќерка Анастасија, заедно со нејзината ќеркичка деветгодишната Нели, биле од една страна вчудоневидени, но од друга пресреќни што нивната мајка и баба, ќе поживее уште некој период.
Бабата не можела да се сети што всушност се случило во периодот додека клинички била мртва. Само се сеќава дека во петокот била донесена во болница, а во понеделникот се разбудила во мртовечницата. Од болничкиот персонал засега се обидуваат да дознаат што всушност се случило, ги проверуваат документите за тоа дали имале направено погрешна константација.