Баба Роска секој ден зборува со мртвите преку чаша со вода


Меѓу ретките живи медиуми во Србија е и баба Роска од Гамзиград покрај Заечар. Во детството, како што вели, добила дар од Бога да лекува несреќни и болни. Таа и ден денеска ја исполнува мисијата и им помага на луѓето преку комуникација со оној свет, јавуваат српските медиуми.

Баба Роска раскажува дека моќта ја стекнала уште како девојче. Вели дека тогаш боледувала од непозната болест, поради која ѝ се вкочаниле сите зглобови. Не можела да стане од кревет. Нозете ѝ биле отечени и помодрени, речиси црни. Трпела неподносливи болки и ниту еден лек не може да ѝ помогне. Домашните речиси ја отпишале. Ја оставале со денови да лежи во кревет, а тие оделе да работат во полето.

baba roska

– Токму во тој момент кога попуштив со духот, се случи чудо. Покрај мојот кревет се појави човек со брада, а покрај него светци. Ми понудија да се нагодиме. Ми рекоа дека ќе ме излекуваат, но дека до крајот на животот ќе мора да им ја исполнувам мисијата, а тоа е на луѓето да им помагам со комуницирање со оној свет, раскажува баба Роска. Исцрпена, измачена и очајна не се двоумела и веднаш прифатила. По краткиот ритуал кој речиси и да не го запамтила, Роска одеднаш проодела! Нејзините родители не можеле да се изначудат. Кога нешто ќе појде наопаку, кога несреќа ќе се надвие над домот, кога треба да се донесе некоја многу важна одлука, кога се во недоумица по кој пат да појдат, кога им се чини дека земската мудрост не е доволна, мештаните на Краина и Хомољ имаат едноставно решение – бараат совет од мртвите.

Ова не е лесно да се направи. Треба да се има доста сила и храброст. Кога душата на умрениот ќе се изведе од оној свет, со неа мора да се постапува внимателно, зашто и најмал непромислен гест или изговорен збор можат засекогаш да ги затворат вратите на тоа царство. Ритуалот на повикување на мртви има свои строги правила. Едно од нов е во текот на комуникацијата со душата на умрениот дека не смее да се пушти солза. Дозволени се само кратки и јасни прашања. На прашањата на покојникот мора да се одговори. Нема лажење. Ниту измама.

А основа на сѐ е да се познава личност, која има способност да воспостави контакт со душата на покојникот, да ја изведе од опкружувањето во кое обитува и да ја доведе на разговор со заинтересираното живо суштество, најчесто брачен другар или член на најтесното семејство. Роска од тогаш до денес го исполнува својот дел од договорот. Во нејзиниот дом сите се добредојдени. И на сите се обидува да им помогне. Баба Роска покојните ги повикува преку чаша вода. Кога ќе дојде мртвиот, во чашата се појавува сенка. Новинарот на ТВ Бест останал занемен кога ги слушнал одговорите од покојниот татко кого го повикала баба Роска. Роска никако не можела да ги знае.

Потребни реквизити за повикување на покојници се некое парче од неговата гардероба или предмет со кој се служел додека бил жив, негова фотографија, бел пешкир, симболичен подарок и свеќа. Па ако имате нешто што не сте успеале да му кажете на некој близок, ако ви треба помош од оној свет или совет или едноставно ако сакате уште еднаш да позборувате со некој близок кого веќе го нема – сѐ што ви треба е автобуска карта до Заечар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1