Баба со недели живеела покрај мртвиот син, снаа и внуче (Фото)


Телата на Среќко, Ала и малечкиот Милан биле во собата која била заклучена од внатре и нема знаци на насилно влегување. Трите тела ги пронашол 20-годишниот Тони Жировчиќ, синот на Среќко, од првиот брак.

kucaubojstvo7-230666942s0-Незнам дали бебето беше во креветчето или пак на подот покрај тато и Ала. Видов само нозе, беа црвени. Смрдеата неподнослива. Од шок истрчав од собата и и реков на баба ми да не влегува. Мислам дека се уште не е свесна што се случило во куќата. Пред малку Брза помош ја однесе на инекции. Полицајците ми рекоа дека сами ќе кора да ја исчистиме крвта -вели Тони, синот на Среќко (44) пензиониран хрватски бранител чие телот заедно со она на неговата сопруга Ала (34) и едноиполгодишниот син Милан се пронајдени во семејната куќа во Нова Градишка. Шокантен е фактот што мајката на Среќко Вера речиси месец дена живеела во куќата во која биле трите трупови.

Според зборовите на 70-годишната Вера таа последен пат ги видела синот, снаата и внучето на Велигден, дента кога таа заминала на миса во црква, а снаата и ветила дека ќе направи ручек.

kucaubojstvo9-230666940s01Кога се вратила нив ги немало, собата била заклучена и таа помислила дека тричленото семејство занминало некаде на гости.

Среќко не се јавувал ниту на телефон, но соседите не се посомневале многу зошто претходно им зборувал дека планира со семејството да оди во Молдавија од каде била неговата сопруга и таму да работат.

Имале многу долгови и најверојатно поради безнадежната состојба тој со нож ги заклал сопругата и синчето, а потоа и себе

kucaubojstvo11-23666948s0На масичката во првата соба се уште стоел нивниот последен ручек. При пребарувањето на собата не е пронајден клучот но можно е да е некаде скриен или пак самиот Среќко кој го осмислил грозоморното убиство да го проголтал за да не излезе никој од собата.

Увидот покажал дека немало насилно влегување или излегување од собите и исклучена е можноста злосторството да го направил некој друг. Синот на Среќко двапати е испрашуван, но е потврдено дека нема никаква врска со убиството.

Тој минатата недела бил во посета на бабата, и ја забележал неподносливата смрдеа, но бабата му рекла дека тоа се од колбаси кои снаата ги оставила во соба кога заминале.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1