Баби проститутки спиеле со 355,000 мажи (Видео)


Сестрите по повлекувањето од бизнисот, објавиле книга во која ги откриваат сите тајни на порно индустријата. Промовирајќи ја книгата на телевизија, тие признаваат дека спиеле со 355,000 мажи.

Седумдесетгодишните близначки Луиз и Мартина Фокенс, од Амстердам, објавиле книга во која признаваат дека 50 години работеле како проститутки и дека спиеле со повеќе од 355,000 мажи.
Луиз открила дека поради проблемот со артритисот се повлекла пред две години, нешто на кое што водителите на емисијата одговориле: „Не е ни чудо што имате артритис. Мора да имате доста флексибилни колкови!“.

Таа изјави дека беспарицата била таа која што ја приморала на проституција. „Пријателите на мојот маж, на двете ни сугерираа дека тоа е најдобар начин да се заработи, па одлучивме да се обидеме. Во почетокот моите родители се побунија, но потоа навикнаа да живеат со тоа“, изјавила Луиз, која со проституцијата почнала да се занимава уште на 20 годишна возраст.

Нејзината сестра Мартин, неколку пати во неделата имала редовни клиенти.
„Кога слушнав дека мојата сестра се занимава со проституција, бев во болница и го раѓав моето прво дете. Не можев да поверувам. За да бидам поблиску до неа, се вработив во бордел како чистачка, но по две години и јас влегов во истиот бизнис“, изјавила Мартин која има три деца, а нејзината сестра Луиз четири.
За време на годините сестрите успеале да се ослободат од макроата, да отворат сопствен бордел и да го основаат првото неформално здружение на проститутки.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1