Бадниковата прослава почнува во 10ч пред Соборниот храм


Со коледарска песна и со осветување на бадниковите гранчиња пред Соборниот храм „Свети Kлимент Охридски“ в недела во 10.30 часот ќе започне традиционалната прослава за Бадник. И годинава верниците ќе го одбележат големиот христијански празник со греана ракија, чај .

badnik-240Официјалниот дел започнува со пеењето на бадниковата химна и со кревањето на празничното знаме. Потоа ќе бидат дочекани новиот кум, Даниел Воиновски, како и старите.

Прославата ќе продолжи со настап на познати македонски естрадни имиња. Се очекува да гостуваат Виолета Томовска, Атина Апостолова, Kаролина Гочева, Kалиопи.

Манифестацијата се очекува да заврши во 13 часот, по што кумот ќе си замине со пајтонот што веќе стана препознатлив заштитен знак, потсетувајќи на старите скопски времиња.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1