Русите предлагаат да се слави Божиќ и Нова година во ист ден


Славењето на Нова година и Божиќ треба да се спојат и да се слават на 1 јануари, смета близок соработник на московскиот патријарх Кирил, Андреј Курајев.

Crkva-u-Kremlju-Moskva-Rusija„Со тоа би се надминала вечната противречност која постои во христијанството“, вели Курајев и бара од Руската црква „храброст“ за да го направи ова, иако признава дека ова би било радикално решение.
„Во советското време, идеолошка димензија имаа 1 мај, 8 март и 7 ноември“ (Денот на октомвриската револуција), но, не и 1 јануари“, навел Курајев. Според неговите зборови, енергијата на граѓаните сега е насочена на 1, а не на 7 јануари.
Курајев поради тоа бара христијаните да се договорат кога се слават важните празници. Во руската црква, како и пред година дена, нема официјална реакција на оваа идеја, но нема ни критика.
„Славењето на Божиќ на 1 јануари не го ремети празникот на појавувањето на Богот, ниту пак неговото крстење. Исус е крстен на својата 30 година, а според Библијата периодот на неговото раѓање се смета некаде на средината на зимата, но, го нема потенцирано точниот датум“, смета Курајев.

Реакција од минатогодишното обраќање на Курајев следела од познатиот професор и теолог Алексиј Осиповог, кој смета дека преносот на празникот на 1 јануари е бесмислен.
„За секое решение треба да се запрашате дали е спроведливо. Во овој случај не е, затоа што народот тоа нема да го прифати, затоа што тоа не е во склоп со неговата традиција и сознание, а тоа е важен фактор“, смета Осипов и го прифаќа ставот, дека во црквата, нема никаква забрана за поместување на празниците.

И покрај тоа што оваа тема не се однесува на прашањето на календарот, се укажува на тоа дека има руски парохии во светот кои имаат дозвола од патријархијата да го применуваат новиот календар.
Цариградската патријархија, Православната црква во Полска и Америка, имаат примена на двата календара, затоа што тоа е „астрономско, а не теолошко прашање“, а со тоа се уважува традицијата, но и праксата во средината во која се живее. Божиќ 7 јануари не слават само неколку старокалендарски православни цркви, како и дел од грчки католици и протестанти.
Во Москва не исклучуваат дека Курајев во ваквата идеја ужива преќутна поддршка од патријархалот Кирил, поради тоа што нивниот однос долг низ годините е доста близок и полн со разбирања. Како и во минатото не се очекува реакција од црквата, а ова се смета за тестирање на јавноста.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1