Зависници од интернет и од дрога ги лекуваат заедно


Двајца зависници од комјутери и интернетот се лечат во тераписка заедница „Земјата на живите“ во Нови Сад, заедница која што е наменета пред се за лечење на зависниците од дрога.

Zemlja-živih-2„Немав за ништо заинтересираност, што се однесува за некоја работа, или нешто слично. Бев многу незаинтересиран, па бегав во тој виртуелен свет“, вели Небојша, еден од зависниците.
Додаде дека ретко се дружел со луѓето, затоа што воглавно не ни излегувал од дома.

Другиот зависник, Милош, се наоѓа на рехабилитација, поради зависност од коцкањето, а до тој проблем дошол поради зависноста од интернетот.
„Ми се случувало да минам цел ден, а да не јадам ништо.

Кога сум целосно истоштен, излегувам да купам нешто за јадење и си легнувам да спијам“, изјавил Милош.
IMG_0025Неуропсихијатарот Никола Вучковиќ изјавил дека зависниците од комјутерите стануваат асоцијални, а на професионално и финансиско поле се губитници.

„Зависноста од интернетот им останува како прво и единствено задоволство. Таква е на пример зависноста од алкохолот или дрогата“, вели Вучковиќ.

Заедницата „Земја на живите“ работи под благослов на Баџката епархија на Српската православна црква.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1