Во сè германското финале во Лигата на шампионите, помеѓу екипите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, победник е екипата на Баерн со резултат 2:1
Баерн победи со головите на Манџучиќ и Робен, додека пак за Борусија стрелаше Гундоган. Со резултат 0:0 се отиде на полувреме.
Во второто полувреме, на самиот почеток хрватскиот напаѓач Манџучиќ погоди за 1:0. Во 66-та минута, беше досуден пенал за Борусија Дортмунд, кога Данте го удри Ројс со стомак со копачката, па тогаш Гундоган погоди за 1:1. За 2:1, погоди Робен, на 3 минути пред крајот на натпреварот.
Ова е петта титула на Баерн Минхен, по 12 години пауза.