На граничниот премин Хоргош, од пријател на Бајага се одземени 272 носачи на звук, кои музичарот сакал да им ги подари на своите фанови.
Имено Бајага имал добра идеја во која го оневозможиле српските цариници. Славниот музичар, останал без 272 носачи на звук на кои биле сместени песните од последниот албум- „Далечина-Чад-Прашина“.
Истите се запленети на граничниот премин Хорхош на пат од Германија во Белград, поради сомневање дека се прекршени авторските права. Сето тоа би се избегнало доколку це-де-ата имале соодветни налепници.
Најмногу настрада пријателот на Бајага кој го возел автомобилот во кој биле носачите на звук и против него ќе следува кривична пријава.
И Бајага лично ја потврдил информацијата и додал дека и покрај тоа што навремено и законски носачите на звук биле пријавени сепак на границата биле запленети од страна на цариниците, и до прва ќе треба да се разрешува целиот случај.
Скај