Група на истражители од институтот Каролинска во Шведска за прв пат успеале да демонстрираат како токсиплазмата влегува во мозокот и влијае на својот домаќин. Токсоплазмата која исто така е позната како мачкин паразит, досега е поврзувана со менталното однесување на човекот.
„Ние веруваме дека ова знаење ќе биде од исклучително значење за понатамошното разбирање на ваквите сложени интеракции, кои модерното здраство се уште не може да ги објасни целосно“, вели Антонио Бараган, истражувач во центарот за инфективна медицина на институтот Каролинска во Шведска.
Но тој исто така дополнува дека сите оние преносители на ваквиот паразит не треба да бидат особено загрижени.
Токсоплазмозата ја имаат од 30 до 50 проценти од светското население, а се смета дека околу 20% од населениети се преносители и во Шведска.
Инфекцијата исто така ја има и во животните.
Луѓето паразитот воглавно може да го преземат преку лошо зготвено месо, или пак во контакт со измет од мачка. Истата предизвикува благи симптоми слични како и оние на грипот. Сепак токсоплазмозата во мозокот може да биде фатална кај луѓето со осиромашен имунолошки систем, како и кај фетусите, кои можат да бидат инфицирани преку мајката. Поради овој ризик на бремените жени им се препорачува да избегнуваат контакт со мачките и со какво било ѓубре.