Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови, пренесе МИА.
Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на избивање на пожари поради високите температури.
Црвениот метоеаларм предупредува и дека високите температури можат да бидат опасни и по животот на луѓето и се препорачува да не се работи на отворено во најтоплиот дел од денот.
Во Црна Гора денеска е прогласен портокалов метеоаларм, а за утре се предвидува црвен.
Утре и во делови на Хрватска – Истра, Кванер и Далмација ќе биде објавен црвен метеоаларм. Во текот на вечерта се очекува дожд и грмежи, но и покрај тоа температурите ќе останат високи