ФОТО: Овие луѓе го нападнаа Вучиќ во Сребреница


МВР на Република Српска ги објави фотографиите на кои се гледаат лицата за кои постои основано сомневање дека учествувале во нападот врз премиерот на Србија Александар Вучиќ на 11 јули во Поточари кај Сребреница.

МВР на Република Српска ги објави фотографиите на кои се гледаат лицата за кои постои основано сомневање дека учествувале во нападот врз премиерот на Србија Александар Вучиќ на 11 јули во Поточари кај Сребреница, пренесува Блиц.рс.osomniceni

МВР ги повика граѓаните заради потврда на идетитетот, доколку имаат некакви сознанија за овие лица, тоа да го пријават во најблиската полициска станица, јави РТ на Република Српска.

МВР, како што се наведува, од Специјалното обвинителство долбило налог за спроведување истрага против НН лица за кривични дела кои се сторени за време на комеморативниот собир во Поточари, кога брутално беше нападнат српскиот премиер.

Специјалното обвинителство бара расветлување на делата „тешко убиство во обид“, „поттикнување на тешко убиство“, „загрозување на безбедноста“, „попречување на службени лица при вршење на должност“, „напад врз овластени службени лица“ и Ќпредизвикување верска и расна нетрпеливост“.osomniceni2

МВР на Република Српска, како што се наведува, интензивно работи на идентификувањето на овие лица.

-Тука имаме дваесетина лица, некои информации имаме, некои немаме, но ги имаме ликовите па ќе продолжиме да разменуваме податоци со агенциите во Босна и Херцеговина и со колегите од Србија. Секоја квалитетна фотографија е добредојдена за идентификација на оние кои учествуваа во обидот за убиство, а и на оние кои вршеа поттикнување, вели директорот на полицијата на Република Српска Гојко Васиќ за „Блиц“.

Тој изјави дека на видео снимката се гледа кој што прави и сега се прави се за до судот да се достават квалитетни докази за тоа кој каква улога имал во инцидентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1