Балканот во шок – Србин закопувал живи луѓе!


Србинот Д.Б. од Бачко Градиште и двојка од Будимпешта се обвинети под сомнеж дека ограбиле и убиле пет лица. Според образложението на обвинителот ваквото монструозно дело треба да биде најстрого казнето, без никаква можност за намалување на казната.

-Според сведоштвото на првообвинетиот, тој учествувал во војната Југославија, а другите членови на бандата го заплашувале. Живеел во криминално маало, каде заедно со другите осомночени одгледувале марихуана. Кога им снемало еден килограм од дрогата, двојката од Унгарија го намамила првообвинетиот да го однесе човекот за кого се сомневаат дека ја украл марихуаната во шума, каде го претепале, а неговиот труп го запалиле. Истото го направиле и со другите четири жртви, изјавил обвинителот.grobista

Впрочем, првообвинетиот Србинот Д. Б. по бегството од Србија во Унгарија користел дури 16 имиња карактеристични за областа на поранешна Југославија. Со него заедно се уапсени уште пет лица кои се товарат за монструозните злочини.

Инаку, монструозните злочини на осомничените се откриени откако пред неполни два месеци тие го повикале Румун М.М. на пијачка во едно кафуле. Но, наместо на дружба тие го ограбиле, му ги заврзале рацете и жив го закопала. За среќа, 31 годишниот Румун успеал да побегне, односно да се откопа, а случајот го пријавил во полиција. Румун на полициските службеници им открил дека лидер на криминалната банда е човек од поранешна Југославија, а истото го утврдил по јазикот.

Полицијата веднаш го проверила теренот каде бил закопан Румун и открила уште тела. ДНК анализата утврдила дека станува збор за пет лица, кои најпрвин биле убиени а потоа запалени и закопани. Имињата на жртвите се Имрет С. (48), неговата сопруга Магдолна (53) нивниот син Шабат (30), ќерката Кристина (40) и нејзиниот дечко Виктор Х.

Во српското досие на Д. Б. има 30 слични пријави за кражба на автомобили и домови. Пред десет години тој бил осуден и за грабеж во Бачко Градиште, по што му следувало казна затвор во времетраење од  четири години која ја одлежал во Сремска Митровица. Во затворот тој имал конфликт со други затвореници по што бил префрлен во затворот во Зрењанин. За време на новогодишните празници во 2007 година успеал да избега и оттогаш му се губи секаков траг.

На почетокот на истрагата, полицијата не го знаела идентитетот на лидерот на бандата, па на големо се шпекулираше дека станува збор за Македонец кој извесно време живее во Унгарија.

Веднаш по апсењето и проверката на отпечатоци од прстите, и во соработка со српски Интерпол е установено дека најодговорен за ѕверските злочини е српскиот криминалец Драган Бајиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1