Банките секогаш измислуваат нови начини да ве „ошурат“ – трошоци за кои не сте ни знаеле дека постојат


Граѓаните при секој деловен договор со банките треба добро да  ја проучат цената под кои тие пружаат одредена услуга па дури да го проучат и целиот ценовен тарифник. Само на тој начин може колку толку да ги избегнат изненадувањата од страна на банките .

банка 2Внимавајте кога потпишувате договор со банките.

Без разика на законските регулативи и донесувањето на Законот за користење на финансиски услуги секогаш кај банките се појавуваат дополнителни трошоци кој треба да ги платите.

Инаку одереддени банки наплатуваат надомест за отварање на тековна сметка односно плаќаат дополнително за подигање на средства од сметка доколку тие пари не се прилив од плата некоја заработка или пак пари од пензија.

Иако постојано од банките велат дека платежните картички во првата година се бесплатни односно не се плаќа чланарина , ретко се случува клинетите да се информираат колку ќе чини таа картичка втората година, колку се надоместоците за картичката и колку често треба да се менува картичката.

Камата на камата на кредит

Доколку е потребно да отворите сметка во банка , за да подигнете  кредит , во трошоците за месечно одржување е вклучена и ефективна каматна стапка ЕКС

Ефективна каматна стапка претстваува каматна стапка која што прецизно и точно приказува колку точно клиентот ќе го чини кредитот, односно колку е вкупната цена на крдитот.
со оваа логика може да се каже дека кај кредитите максимално се избегнува можноста од појава на скриени трошоци, но очигледно се лажеме.

Ако во некој случај се доцни  и не се плати на време некоја рата од кредитот во тој случај се наплатува и затена камата на надоместокот кој е внесен пак во самата рата на кредитот

Некој банки почнаа да воведуваат и провизии за одржување или администрирање на кредит со одерен процент и во фиксен износ на годишно ниво.

Многу е интересно кога ќе задоцните со некоја рата од картичка и кога ќе дојдете на шалтер да платите се. Но не е така едноставно вие ќе ги платите задоцнетите рати но изнозот од затезни камати нема да можете да го исплатите. Ќе треба да почекате да ви направата пресметка па потоа да се вратите на шалтер и да го платите износот од затезна камата, но ретко кој граѓанин го знае ова па ќе пројде уште неој ден со тоа што износот на затезната камата само ќе се остави простор да порасне.

Но граѓаните соочени со беспарицата и ниските месечи примања, постојано ги читаат и ги разгледуваат банкарските брошури  во кои се презентираат новите банкарски производи во кои го бараат спасот да го истераат месецот да ги школуаат своите деца да одат на летување и за што уште не.

И покрај безбројните мани на банките граѓаните за жал спасот повторно го бараат во овие институции.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1