Денес се отвараат банките во Грција после три недели. Според информациите подигнувањето на готовина ќе биде ограничено, а ќе има и контрола на капиталот. Секој Грк ќе може да извади и по повеќе од 60 евра дневно, но не повеќе од 420 евра неделно.
Целта на утрешното „внимателно“ отворање на банките и зголемувањето на данокот на додадена вредност на услугите во рестораните, јавниот транспорт е за да се врати довербата во земјата и надвор од неа откако беше постигнат договор за спроведување реформи во замена за помош.
Ова значи дека ќе поскапат производите во Грција