Во базенот на Деми Мур најдено тело на мртов млад маж


Безживотното тело на млад маж е најдено во базенот во домот на познатата холивудска актерка Деми Мур на Беверли Хилс во неделата наутро по локално време, јави порталот TMZ специјализиран за интригантни стории од светот на естрадата.

Според изворот на порталот од правосудните органи, станува збор 21-годишно момче кое не знаело да плива и, според сé судејќи, се лизнал во базенот и потонал.demi mur

Се претпоставува дека во отсуство на актерката, нејзиниот агент приредил забава, на која бил поканет и починатиот чиј идентитет засега не е објавен.

Според некои информации, портпаролот на Деми Мур и другите присутни на забавата, поради некоја причина заминале од крај базенот оставајќи го момчето само, а кога се вратиле го нашле на дното од базенот.

Од полицијата изјавиле дека ги истражуваат околностите во кои се случила несреќата, и оти засега не излегуваат со официјални информации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1