Барал диви свињи, а нашол соборен авион: Гугл ерт ја вознемири Хрватска


Познат истражувач, познавател и вљубеник на меѓимурската пририда, Јосип Хорват Мајзек, пребарувајќи на Гугл ерт останал шокиран од она што го пронашол.avion-google-earth-640x382

Подготвувајќи се за својот нов проект за дивите свињи на подрачјето на Меѓимурје, користев Гугл ерт. Одеднаш видов светлечко крвче, го зголемив – кога на сателитската снимка се покажа контура на голем авион (ербас 380 или боинг 747) кој лежи среде шумата, вели Мајзек за емеѓимурје.хр.

Сателитската снимка на Гугл ерт навистина покажува авион среде шума, но за среќа не станува збор за соборен авион или за заборавен, туку за авион во прелет кој бил фатен од сателитот на Гугл во текот на снимањето на теренот за Гугл ерт.

Во скоро време авионот веројатно ќе исчезне од сликата, зашто Гугл двапати месечно ги менува снимките од воздух, но не се менуваат сите снимки одеснаш, туку според актиаелноста на подрачјето, па староста на сликите варира од една до три години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1