Барам жена: 82 годишен старец со огласна табла околу вратот ја бара љубовта на својот живот


Како што пиѓува во огласот закачен на вратот на американецот Сенди Мекалоу, избраничката на неговото срце мора да биде постара од 60 години, да сака книги и да има добар смисол за хумор.


zena0Осумдесетидеветгодишниот продавач на книги, светски патник, колекционер и пензиониран професор по биологија Сенди Мекалоу во јавноста се почесто се појавува со табла околу вратот, на која пишува Орегон „Барам жена“. Како што самиот тврди, овој временско момче од Корвалис во американската држава Орегон, е сериозен во своите брачни намери.
„Кога имаат 20 или 25 години, луѓето од целосно различни причини бараат сопруга. Во мои години се што барам е само друштво“, ја започнува својата приказна Мекалоу.
Со оглед на тоа што во последните четириесет години минал низ три разводи, овој постар господин тврди дека научил многу од грешките и дека денеска се опаметил. Како млад се опишал дека бил емотивен, но сега многу добро знае како треба да се однесува во врските.
На идејата за едно вакво необично удварање дошол кога присуствувал на добротворен настан во една болница во Орегон. Кога еден од медицинскиот персонал го прашал дали нешто му е потребно, во шала рекол дека му фали една жена. А потоа му светнала идеја. Сватил дека е во болница полна со пристојни сингл дами во години и дека би било во ред да им стави до знаење дека и тој е сам и слободен.
Од тогаш каде и да се појави тој го носи знакот, а резултатите биле вчудоневидувачки. Досега договорил неколку состаноци на кој ќе изврши интервју и ќе ја одбере совршената кандидатка.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1