Барате работа? – 4 компании бараат 1000 работници од Македонија


Поради изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид, градежните компании Трансмет и Бетон имаат потреба од над 500 работниците. Огласите за вработување во градежните компании денес се објавени во дневните весници.

Компанијата Трансмет за потребите на изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид има потреба од 235 работници. Огласот е распишан за градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.

transmet-oglasi-500

За изградба на автопатот Миладиновци- Свети Николе, компанијата Бетон има потреба од 280 работници. Компанијата има потреба од раководни инжинери на објект, инженери геодети, техничари на објект, возачи, ракувачи со градежни машини, градежни работници тесари, бетонирци и општи работници.

beton-oglas1

Покрај овие две македонски градежни компании оглас за вработување во рамки на проектот за изградба на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип објави и кинеската компанија „Синохидро“ која со огласот ќе ангажира 125 работници.

oglas---AVTOPAT-500

Пред два дена и градежната компанија Гранит објави оглас за вработување на 670 работници, поради изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид.

Огласот за вработување на „Гранит“ е објавен во весниците „Дневник“ и „Вечер“, а компанијата има потреба за вкупно 28 работни позиции како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.

granit500

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1