Баварија сака отцепување од Берлин


Од вчера тема број еден во Берлин и во Минхен е отцепувањето на Баварија. Огнот на сецесионизмот, како што дневниот весник Velt ја нарекува баварската иницијатива за уште поширока автономност, ја покрена Вилфирд Шарнагл, неофицијално чуварот на печатот на баварската посебност.

Во коментарот за германскиот неделник „Фокус“, ги повика своите сонародници, односно Баварци, за отцепување од Сојузната Република Германија.
Шарнагл национално политички советник на Христијанско социјалната унија, сестринската партија на владејачката демохристијанка Ангела Меркел, и долгогодишен ментор на легендарниот баварски премиер, Франс Жозеф Штраус, објасни како неговата идеја би можела да се реализира.
„Време е за голем народен референдум, (за одделување)“, заклучил и додал, „Баварците мораат да го сочуваат своето суверено и демократско право на самоодлучување. Должни се пред себе и кон историјата и кон своите потомци, да го повратат правото на национално определување – изгубено со вештачки, наметнати структури на сојузната држава.
Реконструкцијата на Голема Баварија, не е предмет на денешните политички односно сепаратистички тензии. Баварците би се задоволиле и со мала, ама независна земја. Покраината Баварија е најголема по површина, додека по бројот на жители го зазема второто место од сите покраини во Германија.
Засега политички Берлин ја прима ваквата вест истовремено и со потсмев, но и со загриженост. Според статистичките податоци, од 2010 година имено 23 отсто од Баварците отворено зборуваат за отцепување, додека останатите 16 отсто од жителите за значително проширување.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1