„База на џихадот“ го организирала атентатот во Бургас


Терористичкиот напад што пред некој ден се случи на аеродромот во Бургас, кога бомбаш самоубиец се саморазнесе во автобус полн со израелски туристи, во кој загинаа шест лица е дело на досега непозната група која се нарекува „База на џихадот“. Денеска таа ја презеде одговорноста за немилиот настан.

– Еден од нашите припадници со помошта на Алах успеа да разнесе автобус полн со еврејски туристи кои ја осквернавија светата земја, се наведува во соопштеението доставено до повеќе западни медиуми.

 Новокомпонираната група се заканува и со серија други вакви напади.

 – Месецот Рамазан е месец на светата војна и на смртта во името на Алах. Тоа е месец за борба против непријартелите на Алах и неговиот пророк – Евреите и нивните американски поддржувачи… Светата војна не е ограничена на конкретна арена и ние ќе се бориме со Евреите и Американците се додека не ја напуштат исламската земја, се наведува во соопштението.

 Израелските медиуми, кои го пренесуваат соопштението на „База на џихадот“ или на арапаки „Каида ал Џихад“, оценуваат дека групата по се изгледа е поврзана со движењето Голем џихад, кое пак тесно соработува со Ал Каеда.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1