Пожарникарите и вработените во резерватот од утрово мака мачат да го изгаснат пожарот кој во раните утрински часови го зафати резерватот „Јасен“. Во моментов гори сува трева и борова шума. Пожар е регистриран и на подрачјето кај Ново Конско гевгелиско, а со него се борат вработените од шумското стопанство Кожуф.
Гори и атарот на Богомила каде во пожар е зафатена нискостеблеста шума, како и во демирхисарското село Слоештица каде исто така огнот зафати сува трева и нисковегетациски растенија.










