BBC се извини што нивната ѕвезда силувал деца


Џими Севил, довчера миленик и најпопуларен водител на Би-Би-Си, а сега веќе неговото име е срам за секој во Британија.

Ексцентричниот спикер на Би-Би-Си  почина лани на 84 годишна возраст по луксузен живот полн со важни луѓе од земјата. Дури ја добил и титулата Сер.  Кога лани умре, беше погребан во тренерка, а позлатеното тело беше изложено во еден хотел – си живееше живот на моќен и богат човек, мрачната тајна не го спречи да ужива во животот докрај.

Дури откако почина, жртвите се охрабрија да проговорат и неговиот углед беше доведен под знак прашалник. Се сними идокументарец во кои се дозна дека челниците на Би-Би-Си знаеле дека и во просториите на телевизијата силувал девојчиња, а тие го штителе.

Директорот на Би-Би-Си Џорџ Етвисл и се извини на нацијата и на сите жртви и најави дека и тое ќе спроведат истрага за молкот во медиумот.
„Тие жени доживеале нешто грозно, би сакал во името на оваа организација да им се извинам заради ова што тука го претрпеле, тоа беше друго време во телевизијата. Одамна се функционира поинаку, но сепак е недозволиво и ние ќе спроведеме истрага”, рече Етвисл.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1