Беа големи ѕвезди во Екс ЈУ – а сега се социјални случаи и немаат скршена пара


Марина Перазиќ (56), поранешната пејачка на култната ју-група „Денис и Денис“ важеше за секс – симбол во бивша Југославија. Пејачот Даниел Поповиќ (59) со песната „Џули“ го освои четвртото место на „Евровизија“ во 1983 година.

Иако на сцената ги нема веќе две децении, некогашните ју-ѕвезди жареа и палеа на балканската сцена. Денес тие пејат по свадби, семејни прослави и „треш забави“. Немаат пари за да вложат во нов албум, па од кариерата им се останати само сеќавањата на славните денови.daniel-marina

Додека беше дел од групата “Денис и Денис”, Марина беше сон на повеќето мажи во поранешна Југославија. На врвот на својата кариера со своето момче замина во Њјорк, САД. Планирала да остане 6 месеци а останала 9 години. Кога ја потрошила заштедата работела како келнерка и дадилка.

– Никогаш не ме фасцинираше тоа што ме сметаа за секс симбол. Дипломирав градежништво, а ме спуштаа неколку нивоа подолу. Се срамев од тоа – изјавила Марина за хрватските медиуми.

Враќајќи се во Хрватска, на крајот на 1990-те, го сними албумот “Иста као море”, но тој проект помина незабележано. Дури пред две години се обиде да ја оживее “Денис и Денис”, имаа 15-тина концерти, но Марина вели дека немаат повеќе свирки бидејќи се прескапи. Последните години живее во Нови Сад каде ја проучува зумбата бидејќи во родната Риека не може да најде работа, а учествуваше и во реалното шоу “Фарма”.

Даниел Поповиќ, 1983 година беше четврти на Евровизија, а денес настапува на „треш“ фестивали.Поповиќ сега жиивее во Љубљана со четвртата сопруга Александра, и како што вели денес е социјален случај. Тој настапува по мали клубови и се сеќава на времето кога полнел концертни сали како од шега.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1