Бебе или ботокс: Дали ова е најчудната причина поради која сакам дете?


Веројатно на многумина ова ќе им изгледа необично, можеби дури и смешно зошто всушност сакам да родам четврто дете, меѓутоа….

Мелиса Вилетс од Њујорк, мајка на три девојчиња и блогерка на сајтот Бејбисентр посакала по четврти пат да се оствари како мајка и ги појаснува причините за тоа. Следува нејзиното образложение:bore-licu-otkrivaju-puno-ozbiljniji-problem-slika-41742

Иако ми е тешко да признаам, мислам дека раѓањето на уште едно бебе би ме подмладило. Пред да ме осудите дека ботоксот го заменувам со раѓање дете, морам да нагласам дека тоа е само една од причините поради која сакам да го проширам своето семејство.

Постојат уште повеќе други причини секако. На пример го сакам тоа што сум мајка повеќе од се на светот. Не чувствувам дека тука треба да застанам. Мојот сопруг сака уште едно бебе исто така.

Но секако и дека се плашам, ме мачи помислата дека доколку повеќе не можам да раѓам, официјално ќе станам стара. Доколку ја затворам вратата за уште едно бебе, на таа иста врата ќе дојде менопаузата. Не дека ние можеме да го запреме стареењето, дури и доколку очајнички се обидуваме да го сториме тоа, но кажете дека никогаш не сте се погледнале во огледало и не сте го посакале истото што и јас!

Ирочнично е секако тоа што ништо не може толку многу да го забрза стареењето како мајчинството. Зошто тогаш сум уверена дека уште едно дете би ме подмладило?

Бидејќи кога ќе си кажеме на самите себе: „Во ред, нема да имам повеќе деца“, тоа звучи како крај на една ера. Како кога ќе завршите средно училиште или кога ќе се омажите.

Сакам повторно се да искусам. Сакам да создадам уште еден живот. Тоа значи дека се уште сум во игра.

Се уште сум млада!

Се уште го можам тоа!

И на крајот, еве уште една причина зошто сакам четврто бебе – да се има брат или сестра е најпрекрасната работа на светот!

Само прашајте ги моите три девојчиња, кои сериозно ме испитуваат кога ќе родам уште едно бебе.

Lider.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1