Писмо од проститутка до сопругата на нејзиниот клиент: „Ќе ти го сочувам бракот”


Американскиот „Vice” објави писмо во кое една проститутка е многу искрена во обраќањето кон сопругата на својот клиент. Во доста интересното писмо, таа ѝ порачува дека всушност ќе ѝ го сочува бракот. Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Драга сопруго, Не те познавам, но знам дека е можно сопругот да те изневери со сексуална работничка. Ова го кажувам затоа што јас го работам тоа, а не ми недостигаат клиенти.prostituke-5

Мислиш дека твојот сопруг не е способен за такво нешто, нели? Знаеш дека тоа се случува, ама веруваш дека е во другите бракови и врски. Не сметаш дека има потреба за такво нешто, затоа што меѓу вас е сè во ред.

Но, да те прашам, кога последен пат сте имале секс трипати во неделата? Кога последен пат тој ти се пожалил за тоа? Зар не мислиш дека е можно наместо тоа да одлучил проблемот да го оттргне од твои раце и да го стави во моите?

Добрата вест е дека ако твојот сопруг сака да се гледа со мене, значи дека сака да си го зачува бракот. Се одлучува за возбуда на начин кој е најмалку комплициран.

Замисли на мое место да беше некоја колешка, заедничка пријателка или сосетка?

Јас сум професионалка. Дискретна сум, но и конкретна: моето време, внимание, сексуалност се мерат во часови, после кои тој е само твој. Она што е најважно е дека јас не го сакам и никогаш нема да го сакам твојот сопруг. Тој ми е еднакво важен колку и келнерот што ме служи.

Јас никогаш нема да бидам закана за вашиот брак. Нема да му се јавувам навечер или да очекувам да бидеме пријатели и да одиме на вечера. Од мене нема никогаш да дознаеш дали твојот сопруг бил со мене, ако тој ти каже или е глупав или ти е многу лут.

Има некои кои почнуваат да се заљубуваат во мене, но кратко им трае, откако ќе сфатат дека сè што правиме е лажно, а мојата желба кон нив зависи од парите што можат да ми ги понудат.

Ако има и најмала шанса да му се искомплицираат емоциите кон мене, првата бариера е дека јас чинам многу и тој може да ме има само толку колку што може да си дозволи.

И да чувствува нешто, ќе му помине за две недели максимум како и секоја друга желба.

Што се однесува до она што најмногу те плаши, ослободи се. Јас водам грижа за своето здравје исто колку и ти. Шансите за да останам бремена, одамна се сведени на нула.

Можеби сè уште не сакаш да спиеш со него. Повторно ќе те прашам: Кога последен пат сте имале секс трипати неделно?

Не велам дека твојата работа е да го правиш среќен. Можеби ти не сакаш толку често да имате секс. Имаш многу работа, зафатена си или под стрес или веќе не те привлекува како порано. Те разбирам, мене сигурно не ме привлекува.

Во тоа е работата. Јас сум тајна состојка на многу здрави бракови, бидејќи кога е со мене, двајцата имате секс само толку колку што сакате.

Ако го оставиш неговиот мобилен на мир, можеби ќе стигнете и до 50-годишнина од бракот.

Кога ќе се смириш ќе ми бидеш благодарна.

Нема на што“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1