Бебе пронајдено во канализација – преживеало 5 дена фрлено во одводот


Група велосипедисти пронашла во неделата новородено момченце во канализациски одвод во австралиски Сиднеј, соопшти полицијата којашто ја пронашла младата мајката и врши истрага како бебето завршило во канализацијата.

Велосипедистите возеле по велосипедска патека крај брз автопат во Сиднеј рано наутро во неделата кога слушнале плач на бебе. Откако откриле од каде доаѓа плачењето ја подигнале тешката решетка на патот и на длабочина од 2,5 метри го пронашле бебето.

bebe kanalizacija

Повикале полиција којашто го извадила бебето од канализацискиот одвод.

Неколкудневното новороденче минало без видливи повреди, но неухрането. Хоспитализирано е во болница во Сиднеј, од каде лекарите велат дека бебето е во сериозна но стабилна состојба, пренесува Associated Press.

Преку испитувањата на болничките досиеја утврден е идентитетот на 20-годишната мајка којашто во неделата е приведена на испитување.

Еден од полицајците коишто учествувале во вадењето на бебето од канализацијата изјави за медиумите дека „сите го очекувавме најлошото, но бебето беше живо“. Додал дека засега не успеале да утврдат колку дена момченцето ја минувало агонијата, но истакнал дека цела среќа е што деновиве во Сиднеј немало дожд, па одводот бил сув.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1