Бебе со лузна: Кога ќе дознаете од што му е, ќе верувате во чуда


За ова мало девојче докторите прогнозираа дека нема да го дочека ниту првиот роденден, меѓутоа, за негова среќа судбината одлучи да ги вмеша прстите, па така сега ова бебе го слави вториот роденден.

Имено, за време на бременоста родителите на Мејси Мекартни примиле поразувачка вест: бебето над карличната коска имало тумор со големина на грејпфрут. Иако бил неканцероген, сепак, во него протекувала сета крв, па бебето имало проблеми и со срцето.beba-mejsi-1-650x325

И откако сите доктори им кажале дека нема начин да им се помогне, родителите пронашле болница која се занимава со пренатални операции. Бебето лежело само 25 недели во утробата на мајка си за време на операцијата, а потоа ја вратиле назад во матката каде останало уште 10 недели.

За среќа, операцијата поминала одлично, а за туморот на Мејси денеска сведочи само еден мал белег над задникот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1