Кој му дозволил на гермнаското фото студио да фотографира ученици без дозвола од родители?


Странска невладина организација собира слики и лични податоци од деца во неколку градинки и училишта во Гостивар, Струга и Кичево. Ваква информација се појави на социјалните мрежи откако група загрижени родители побара објаснување кој дозволил нивните малолетни деца да бидат дел од некаков проект кој ги потпишале надлежните без нивно знаење.Screenshot_13

„Вчера кај внука ми во 3-то одделение во „Гоце Делчев“ Гостивар дошле некои луѓе од некаква странска организација кои спроведувале „проект“ дозволен од министерство. Ги фотографирале поединечно, им земале лични податоци и тоа без знаење на родителите!!! Им рекле дека со тоа ќе имаат попусти за влезници во музеј во странство“

„Учителките што се побуниле одма се заќутени, со објаснување дека се работело за невладина организација. Инаку луѓето со сликите и личните податоци на дечињата се фатени на граница. Ама никој не дава образложение, зошто, како и со кое право да се слика било кое дете и да се земаат лични податоци без одобрение на родител“Screenshot_15

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи, каде се појави и Меморандумот за соработка кој министерот Абдулаќим Адеми го потпишал со извесна фирма со седиште во Германија. Во документот стои дека преку донации на училишна опрема, германското фото студио ќе ги подобрува материјалните услови за работа во 13 училишта во Гостивар. Некои од родителите се обратиле и во првата детска амбасада „Меѓаши“, загрижени дека фотографиите и податоците можат да бидат злоупотребени за киднапирање или педофилија. Од „Меѓаши“ потенцираат дека со овој договор се прекршени основните права на децата.Screenshot_14

Целиот случај на терен го испитува и Државниот просветен инспекторат. Нивни инспектори денеска се во контрола на училиштата во Тетово, Гостивар и Кичево. Деталите од надзорот на јавноста ќе и го презентираат во понеделник.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1