Жељко Бебек одбележа 40 години од својата акриера и за магазинот Стори.рс откри многу интересни работи од своето минато.
Покрај тоа одлучи и да ги прекине шпекулациите кои со години се кружеа по медиумите дека тој користел дрога во младоста.
– Ако тоа навистина ве интересира, јас никогаш во животот не сум пробал дрога камо ли да бидам уживател, рекол пејачот и додал како околу него биле луѓе со различни професии и меѓу нив имало доста наркомани па можеби и поради тоа го поврзале со тоа.