Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина, јави Телма за случајот во Гевгелија, кога починаа мајка и бебе.
Смртта на родилката Маја Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, пишува во наодот на Судска медицина. Во него детално стои дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.
Истрагата, која е при крај и сите докази, според извори од обвинителството, водат кон четворица вработени во болницата против кои најверојатно ќе има обвинение.
Двајца анестезиолози првооосмничени за смртта на родилката и нејзиното бебе, кои вечерта биле пијани, се суспендирани од работа до крајот на истрагата.