Бебето Најден на интензивна – лекарите се борат за него


 Ова четиримесечното бебе најдено во Арачиново, фрлено и осакатено од најблиските, деновиве повторно води битка со животот. Многумина се надеваат дека убавите мисли и соодветната медицинска грижа повторно ќе го спасат. Но, деновиве неговата здравствена состојба не е баш добра, велат лекарите од Детската клиника.

Аспазија Софијанова, директорка на Kлиниката, вели дека состојбата на Најден се влошила во саботата навечер.

bebe44– Најден има проблем со едното белодробно крило. Сега се наоѓа на одделението за интензивна нега, целиот медицински персонал му е на располагање. Правиме с` што можеме за да го закрепнеме. Тој извесен период беше сместен на одделението за доенчиња, имаше своја соба и нега. Но, треба да се знае дека тој беше со кревко здравје уште од денот кога е донесен во болница – вели Софијанова.

Најден многу храбро му пркоси на животот и покрај речиси смртните повреди што ги доживеа како бебе. Тој на само неколку часа од раѓањето беше пронајден во двор, во една куќа во скопско Арачиново со пресечен јазик, завиткан во крпа и фрлен во грмушки.

Полицијата до денеска безуспешно трага по неговите родители и по евентуалните сторители на тој нечовечен чекор.

Хуманост и сочувство

Но, граѓаните од цела Македонија, уште пo првата информација за бебето, со денови собираа хуманитарна помош да му помогнат на овој мини-херој.

Изминатиот викенд понесени од изјавата на директорката на Kлиниката, Софијанова, дека Најден не се смее, група млади скопјани посакаа да измамат насмевка на Најден. Тие решија да пеат и да го донираат својот џепарлак само за една мала насмевка од Најден.

Арманд Велјан, Стефан и Столе Стоилов, нашиот ракометен репрезентативец, и нивните десетици пријатели организираа настан за паметење. Сите се најдоа на исто место и не знаејќи за промените во здравјето на Најден, се обидоа низ песна и забава да соберат пари и да му купат играчки на Најден. Тие таа ноќ имаа само една желба, Најден да се насмее.

Пријателите на Стоилов и на Вејлан за еден викенд успеале да соберат околу 12 илјади денари. Овие млади студенти се откажале од својот џепарлак, но се среќни што помогнале.

Повеќе на – Дневник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1