Од јули почнува да работи скопскиот аква парк – еве колку пари ќе биде влезницата


Забрзано се работи на привршување на последните активности за изградбата на првиот аквапарк во Скопје веќе се готови тобоганите, а се работи и на базените, пишува Вечер

Изградбата на аквапаркот во состав на спортскиот центар “Борис Трајковски” се очекува во текот на наредниот месец да биде завршена, односно веќе од јули, истиот да биде достапен за сите граѓани на главниот град, како и на оние од внатрешноста.

akva parkАквапаркот ќе има 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, ќе има турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти. Придружни објекти, покрај тобоганите, ќе бидат базенот со бранови, мрзливата река и базен за дечиња до 7 години, кој е опремен со тематски реквизити од познатиот филм “Пиратите од Карибите”.

Се планира аквапаркот да работи во два дела од денот, односно да биде отворен од 11 часот претпладне до 17 часот попладне. По завршувањето на првата смена ќе следува половина час пауза каде што ќе се грижи персоналот, пред се, за хигиената, потоа од 18 часот па до полноќ да функционира втората смена.

Од спортскиот центар исто така најави дека цената на влезницата ќе чини околу 350 денари за дневен билет, па така повеќе граѓани ќе можат да си го дозволат задоволство што ќе го пружи аквапаркот.

Се гради на парцела од 12 илјади метри квадратни и се наоѓа на северната страна од спортскиот центар, односно веднаш до хотелот “Александар Палас”.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1