Тетката Памела му го спаси животот на петмесечното внуче со вештачко дишење на сред автопат.
Американката Памела Раусео со вештачко дишење на сред автопатот за Флорида му го спаси живото на својот петмесечен внук Себастијан де ла Криз. Тие биле заглавени во сообраѓајна гужва во автомобилот на тетката и бебенцето одеднаш престанало да дише и поплавело. Тетката избезумена со бебето во раце излегла на улицата и врискала за помош. И помогнал еден моторџија кој бил во близина и двајцата со техниката на вештачко дишење се обидувале да го оживеат бебето чекајќи ја брзата помош.
Успеале накратко да го повратат бебенцето но тоа повторно престанало да дише, за среќа во тој момент пристигнала и брзата помош која едвај се пробила низ гужвата. Бебенцето е згрижено и се опоравува во болница.
Оваа драма со својот фотоапарат ја забележал и еден фотограф кој исто така бил заглавен во гужвата.
Памела поради овој потег е херојот на денот во САД.