Бебето кое било оставено на хауба од автомобил на улицата „Никола Вапцаров“ пред Министерството за финансии било злоставувано, објави Канал 5.
Како што објави Канал 5, повикувајќи се на извори од Детската клиника, на телото на бебето откриени се повреди кои предизвикале сомнеж кај лекарите дека се работи за злоставување.
Откако случаен минувач го пријавил случајот со бебето кое било оставено на хауба на автомобил пред Министерството за финансии, тоа било веднаш згрижено и префрлено во болница.