Бегајте дома, иде Бранко! – сега навистина Бранко ќе биде крив – така го крстиле циклонот


Циклонот што се очекува денеска попладне да ја зафати Македонија го доби името Бранко.

Метеоролозите предвидуваат дека овој циклон ќе донесе многу главоболки, зашто носи мошне нестабилно време со обилни врнежи, силен ветер и град, што може да доведе до поплави.

grom dozd nevremeСтудениот бран ќе дојде од северозапад и се спушта од Алпите. Ќе дојде до формирање на висински циклон над Балканот, што не е невообичаена појава и се случува неколку пати во годината.

Карактеристично за овој циклон се електричните празнења, па треба да се очекуваат зачестени грмотевици.

Во Македонија попладне според УХМР нестабилно ќе биде најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјата, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и појава на невреме со интензивен пороен дожд, град и силни електрични празнења. Се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог, над 30 литри на метар квадратен.

Процесите ќе бидат во форма на невреме и во текот на утрешниот ден, а постабилно време се очекува за време на викендот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1