Бегалците во Берлин преминуваат во христијанство


Иранскиот бегалец Мохамед Али, лажно име за да се заштити идентитетот, е еден од стотиците бегалци со исламска вероисповест, кои по пристигнувањето во Германија преминуваат во христијанство.

Во приказната која ја пренесуваат голем број медиуми во Германија и ЕУ се опишува процедурата според која луѓето од ислам го преземаат христијанството како религија за себе и своето семејство.

hristijanstvo

Пасторот Готфрид Мартенс го прашува Али „Дали го напушташ исламот“,  а Иранецот веднаш одговара со „Да“.  Ширејќи ги рацете за благослов свештеникот го покрстува бегалецот со познатите зборови „Во име на отецот, синот и светиот дух“. Со тоа Мухамед станува Мартин.

Столарот од иранскиот град Шираз во Германија пристигнал пред пет месеци со неговата сопруга и двете деца. Тој е еден од стотиците Иранци и Авганистанци, баратели на азил кои што преминале во христијанство во црквата „Свето тројство“ во Берлин. На ред за примање на христијанство за наредните недели чекаат уште стотици други бегалци.

Сите тие тврдат дека нивниот потег, кој што во родните земји може да ги чини животот, го направиле поради вистинска љубов во христијанската вера но многумина се сомневаат дека дел од причините се од друга природа.

Секој десетти конвертит веќе никогаш не стапнува во христијанска црква што го зголемува сомнежот дека причината за напуштање на исламот е поголема шанса како христијани да добијат азил во Германија. Во најголем број случаи доколку новопечен христијанин се врати дома на Блискиот исток тој може да се соочи со сурова казна од околината за напуштање на исламот.

Дел од конвертитите тврдат дека уште во своите стари средини биле христијани и ја практицирале верата на тајни церемонии. Али тврди дека од Иран заминал кога неколку негови пријатели биле уапсени поради практицирање христијанство.

– Сега сме слободни и можеме да бидеме тоа што сме, вели неговата сопруга која е пресреќна што нивните деца ќе имаат добра иднина  и ќе добијат добро образование во Германија.

Во меѓувреме расте бројот на нови христијани во голем број германски цркви. Ги има и во Рошток и во градови на Балтичкото Море, но и во Хановер и во Рајна Вестфалија. И покрај трендот на зголемување, бројот на конвертитите е мал на државно ниво.  Нема точна бројка за луѓето што минале од ислам во христијанство во последниве години, но тие се апсолутно малцинство во однос на бројот од шетири милиони муслимани во Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1