Единствената земја на светот која им плаќа на своите граѓани


Секоја година американската сојузна држава Аљаска им исплатува на своите граѓани стотици илјади долари без какви било обврски. Единствен услов за добивање на парите е личноста да има живеалиште на Аљаска повеќе од година дена и да е жива.

Жителите на Аљаска многу ги сакаат дивидендите на Постојаниот фонд иако политиката на нивно доделување понекогаш е контроверзна.aljaska

За оние кои сето тоа го гледаат од страна ова е куриозитет. Годишната исплата стигнува на насловните страници со наслови од типот „Аљаска им дели пари на луѓето“ и обично брзо се заборава.

Последните години сепак се појавил интерес за она што стои позади оваа приказна.

Во времето кога има малку работа, кога владее нееднаквост меѓу луѓето и кога автоматизацијата се заканува да предизвика вистински метеж во стопанството, веста дека некоја држава може да пружи редовни, гарантирани приходи во вид на минимална заработка која ја прима секој граѓанин без оглед на староста, тоа дали има или нема работа или неговиот статус во општеството, таквата вест звучи се подобро и подобро. Барем нејзината минијатурна верзија.

– Дивидендата која Аљаска ја дава е отприлика нешто најблиску до она што светот дојде кога е во прашање универзалниот основен приход, смета Скот Сантенс, еден од најголемите заговорници на интернет за исплата на основните приходи.

Тој вели дека овој основен приход може да им помогне на граѓаните во борбата против влијанието на климатските промени. Барак Обама, претседателот на САД во текот на неодамнешнат посета на Аљаска се фокусирал на тоа да ја нагласи опасноста по тој регион од загревањето кое го предизвикува човекот.

Постојаниот фонд на Аљаска је основан во 1976 година со пронаоѓањето на нафтата и градењето на нафтоводот кој поминува преку Аљаска, а државата во рок од неколку години собрала 900 милиони долари на основ на издадени дозволи за бушење во Прадоу беј, најголемото нафтно поле во Северна Америка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1